Пејачите се како славеј, ако не му дадеш да пее тој ќе умре – За Гавазова свадбите не се проблем – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/20 2:05 PM

Пејачите се како славеј, ако не му дадеш да пее тој ќе умре – За Гавазова свадбите не се проблем

Фолк пејачката Сузана Гавазова денеска се приклучи на протестот пред Влада. Вели дошла да ја поддржи македонската музика и музичарите. На прашање на „ММС“ дали мисли дека овој протест ќе промени нешто, таа вели дека можеби ќе ја натераат Владата да види дека постојат и дека даваат многу за македонската музика, па ќе го смени однесувањето кон нив.

– Ние бевме првите во Македонија кои апелираа луѓето да седат дома , а останавме без работа. Излеговме малку и смешни затоа што еве многу пејачи доаѓаат од Србија и ни го земаат последното парче леб што се вели, а ние сме како безгласни букви. Редно беше и ние да се побуниме и да си ги побараме правата, да ни дозволат да работиме, вели Гавазова.

Во однос на тоа што министерот Филипче неколкупати до сега потенцираше дека бројките се зголемени поради собири и од „журки“ со пејачи, Гавазова вели дека сепак не се од свадби, бидејќи свадби и не се одржувале.

– Не од свадбите, да беа свадбите дозволени можеби немаше да има толку заразени. Затоа што сепак во рестораните може да се направи некој ред, а во клубовите не верувам. Не верувам ни дека младите толку одржуваат хигиена кога ќе се напијат навечер, а на свадбите нема толку пијанства. Досега немаше свадби, иако имав слушнато дека некаде се одржуваат, но не мислам дека бројката е од свадбите. Ние овде сме засегнати, има доста гранки кои живееме од тие свадби, не се само музичарите, рече Гавазова.