Судот пресуди – Златна зора е криминална група, нереди на атинските улици – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/20 2:04 PM

Судот пресуди – Златна зора е криминална група, нереди на атинските улици

Aтински суд денеска ја прогласи екстремно десничарскатa партија Златна зора за криминална група, со што всушност забрани радикална организација која некогаш беше трета по големина партија во земјата.

Петнаесетина илјади луѓе се собраа и ја очекуваа пресудата, по што избувнаа нереди, а изолирани групи на самонаречени анархисти фрлаа запаливи материи кон полицијата, која одговори со солзавец и водени топови.