Патничкото осигурување на „Еуролинк“ ќе покрива и Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/20 12:03 PM

Патничкото осигурување на „Еуролинк“ ќе покрива и Ковид-19

Комерцијална објава

Почнувајки од први октомври, со измени и дополнување на условите за патничко осигурување, „Еуролинк“ обезбеди проширување на покритието и со тоа најдобро решение за патничко осигурување на пазарот. Измените и дополнувањата предвидуваат: Проширено покритие за патничко осигурување кое покрива трошоци за лекување од КОВИД-19 во итен случај, дополнително покритие на сите патни трошоци за непланирано враќање во земјата поради лекување од КОВИД-19 во итен случај.

Патните трошоци за превоз ќе бидат покриени за осигуреникот, членовите на потесното семејство и возилото со кое патувале доколку заради лекувањето враќање со возилото не е возможно.

Околностите за целиот свет се променија, а патувањата од задоволство станаа предизвик за сите нас. „Еуролинк“ осигурување го прилагоди своето патничко осигурување со цел да одговори на овие предизвици и да им помогне на своите клиенти повторно да патуваат безгрижно!

Патничкото осигурување може да се обезбеди од продажната мрежа на „Еуролинк“ осигурување или онлајн.