Неколку денови после позитивниот тест на Ковид-19, претседателот на САД се врати во „овалната соба“ и продолжи со извршувањето на функцијата. Доналд Трамп ја напушти болницата и се врати во „Белата Куќа“, продолжувајќи со истата добропозната реторика и покрај непријатноста со коронавирусот:
-Секоја година многу луѓе, понекогаш и повеќе од 100.000 умираат од грип и покрај тоа што постои вакцина. Па дали поради тоа сме ја затвориле земјата? Не, научивме да живееме со тоа, како што учиме да живееме со Ковид-19, кој во најголемиот дел од популацијата е помалку смртоносен, напиша Трампд на својот официјален „Твитер“ профил.
Од социјалната мрежа веднаш реагираа и го предупредија претседателот на САД поради испраќање содржина што може да доведе до заблуда. „Фејсбук“ претходно исто така отстрани слична објава на Трамп, која дотогаш била споделена повеќе од 25.000 пати, пренесува „Ројтерс“.
На критиките, Трамп во негов стил изјави дека не посветува внимание и дека е силен претседател и човек кој ги преживеал нападите на „демократите“ и кинескиот вирус.