Азербејџанската војска уништи 250 тенка и оклопни возила на Ерменија – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/20 9:40 AM

Азербејџанската војска уништи 250 тенка и оклопни возила на Ерменија

Азербејџанската војска, во рамки на операцијата која ја започна за ослободување на своите територии од окупација, уништи 250 тенка и оклопни возила на војската на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Азербејџан.

Во соопштението се наведува дека азербејџанската војска продолжува со движење, и дека некои позиции се исчистени од ерменските сили.

Според соопштеното, голем број ерменски војници се неутрализирани, додека уништени се оружје и воена опрема.

„Азербејџанската војска во периодот од 27 септември до 7 октомври уништи 250 тенка и оклопни возила на Ерменија, како и нејзини 270 артилериски и ракетни системи, 60 воздушно-одбранбени системи, 11 зони за управа и набљудување, 8 складишта за муниција, околу 150 воени камиони и возила, како и еден систем С-300“, се додава во ова соопштение.