Дали да останам или да се откажам? Колку пати сте си го поставиле ова прашање затоа што ви се допаднала личност од спротивниот пол, но не сте почувствувале „пеперутки“ во стомакот. Како да оцените дали некој е вреден за вашето време и внимание, прочитајте во продолжение.
Слушајте го говорот на телото на таа личност
Доколку се врти директно кон вас и не ги прекрстува рацете, значи дека има самодоверба, но дефинитивно и дека се пали на вас.
Не молчете
Доколку почне разговор, прифатете го. Збoрувајте кратко и следете ја неговата/нејзината реакција.
Возвратете ги комплиментите
Ако добивате искрени комплименти, значи дека вреди да го продолжите запознавањето. Како ќе знаете дека не манипулира и лаже? Ќе ви каже нешто што се „од авион“. Дајте и’ време на таа личност за да ве анализира подетално.
Слушајте се
Поразговарајте и потоа вратете се кај своето друштво. Доколку почувствувате е дека расположението ви се подобрило.
Чувајте се од „волци“
Доколку после една минута почне да тврди дека сте вистинската личност за неа/него и дека чувствува поврзаност со вас, бегајте! Таквата личност сака дружба само за една вечер.
Избегнувајте „предавања“
Зборувањето исклучиво за себе е знак дека генерално тоа ќе го слушате и во следните неколку часа.
Извор: cosmopolitan.hr