Летна школа по природно право: Имплементацијата на законите предуслов за успешни реформи – ММС
ММС

Објавено на: 07/2/18 12:40 PM

Летна школа по природно право: Имплементацијата на законите предуслов за успешни реформи

Проблемите во Македонија нема да може да се решат наеднаш, зашто излегувањето на системот од кризата ќе биде процес кој ќе трае подол период – ова е ставот на претседателот на МАНУ, Таки Фити.

Според него, неопходните реформи во Македонија ќе се постигнат доколку се следат приоритетите кои ги посочи Експертската комисија предводена од Рајнхард Прибе. Првиот човек на МАНУ, посочува дека измените на законите треба да бидат по европски терк, но сепак, како што вели тој, токму нивната имплементација е болка што во Република Македонија се провлекува од почетокот на транзицијата до денес.

Министерката за правда, Рената Дескоска смета дека има простор за оптимизам во реформацијата на правосудниот систем.

„Оптимист сум дека ќе успееме да ги подготвиме во рамки на Министерството за правда, а се надевам дека потоа ќе добиеме консензус од сите партии оттаму што за добар дел од законите е потребно двотретинско мнозинство. Што се однесува во делот на обврските кои стојат пред самото судство како независна власт, но и пред обвинителството, тие од ресорното Министерство ќе ја добијат целата логистичка поддршка за се што е потребно за исполнување на своите обврски и критериуми така што сметам дека има простор за оптимизам“, порача Дескоска од Охрид, каде се одржува Летна школа по природно право организирана од Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите.