Поради пaндемијата на коронавирус туризмот доживеа крах, а, освен авионите, ширум светот почнаа да се „трупаат“ и бродови за кои во периодот на корона-криза нема работа. Поради панедмијата, многу огромни крузери се приморани на одмор, а некои од нив се усидрени во турското пристаниште Алиага кое служи за рециклирање бродови, пренесува сараевски „Аваз“.
Како и авионите, и крузерите завршуваат на „гробишта“, па од некогашните големи морски девојки стануваат непрепознатливи делови во отпадот.