Во пресрет на идните локални избори во Штип, жителите на дивоизградените викендички во населба Суитлак сами копаат до Блок 77 во населбата Деснаци и се приклучуваат кон водоводниот систем, иако се без регулирани комуналии.
Овие викендички иако засега имаат обична легализација и не се дел на ДУП на Штип, сепак под надзор на ЈП Исар ќе се приклучат кон водоводот – без соодветна опрема.
Општина Штип и ЈП Исар ветија дека ќе изградат резервоар само за дивоградбите со препумпна станица. Се поставува прашањето колку ќе чини оваа инвестиција и дали овие граѓани ќе чекаат тоа да се случи.
Во меѓувреме се прилклучуваат на постоечката мрежа со обично црево Ф50, предизвикувајќи проблеми во водоснабдувањето на жителите од Блок 77.