Приведени четворица криумчари на мигранти кои од Грција преку нашата земја ги пренесувале до Србија за цена од 500 до 700 евра по лице. Главни организатори се двајца браќа од Богданци заедно со соработници од Грција.
Како што информираше денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, одделот за организиран криминал во организација со други единици од МВР, спровеле акција за сузбивање на шестчлена криминална група која се занимавала со криумчарење на мигранти.
Како што информираше денеска Ангеловски, одделот за организиран криминал во организација со други единици од МВР, спровеле акција за сузбивање на шестчлена криминална група која се занимавала со криумчарење на мигранти.
– Со помош на лицата од Грција, мигрантите биле пренесувано на територија на Репубика Северна Македонија, во близина на Струмица Гевгелија и Дојран каде што биле пречекувани од членови на криминалната група и со моторнин возила биле пренесувани до Кумановско-Липковскиот регион. Таму ги чекало лице кое било задолжено за нивно сместување како и за понатамошен трансфер до Република Србија и до земјите од Европската Унија, соопшти Ангеловски.
Тој информираше дека главно се пренесувани лица од Авганистан Пакистан и Ирак како и од други земји од блискиот и од средниот исток. Цената за пренесување на лице е преку нашата држава била од 500 до 700 евра по лице.
Полицијата извршила претрес на повеќе локации при што биле запленети патничко возило и мобилни телефони, потврди за извршени уплати преку агенти за брз трансфер на пари, пиштол и муниција.