Навални смета дека бил отруен бидејќи го сметале за закана пред изборите – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/20 3:08 PM

Навални смета дека бил отруен бидејќи го сметале за закана пред изборите

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во своето прво видеоинтервју ги обвини руските разузнавачки служби дека стојат зад неговото труење со нервниот агенс „новичок“.

Според него причината за труењето е тоа што Кремљ го сметал за закана во пресрет на изборите кои треба да се одржат во септември идната година.

Навални кажа дека иако неговото здравје е значително подобрено, се уште му се тресат рацете и дека оди на физикална терапија.

Руските власти ги отфрлија било какви наводи дека се одговорни за труењето на Навални.

Навални се онесвести на лет од Томск кон Москва по што авионот беше принудно слетан во Омск, каде беше првично хоспитализиран пред да биде префрлен во Берлин.

Се уште не се знае како „новичок“ заврши во неговото тело. Најпрво постоеа сомнежи дека му бил ставен во чајот кој го испил на аеродром, па дека бил во водата во неговата хотелска соба, а за време на интервјуто тој рече дека не знае и оти можеби нешто допрел.