Тркачот на долги патеки Мариос Ѓанакој, и покрај многуте победи на трки и маратони, својата животна трка ја имаше токму вчера, кога се искачи на врвов на планината Олимп, носејќи ја на грбот Елефтерија Тосија.
„Не постои ништо постварно од сонот“, напиша Ѓанакој, кој е од Драма, вчера на Инстаграм, кога со Елефтерија ја искачија „планината на боговите“, пренесува РТС.
Елефтерија има 22 години и е студент на биологија во Солун. Двајцата се сретнале во септември и таа му рекла на Ѓанакој дека животна желба и’ е да се искачи на Олимп.
И така тргнаа на пат. Елефтерија била внимателно врзна за специјален ранец, кој Ѓаканој цело време го носел до врвот, а тоа траеше повеќе од десет часа.
„За мене сите меѓународни трки, медали и признанија значат помалку во однос на целта на Елефтерија“, вели Мариос.