Иако се уште болен од коронавирус, по три дена поминати во болница, Трамп се врати во Белата куќа за да го продолжи третманот во домашни услови.
Веднаш по враќањето на Твитер напиша дека се чувствува добро, а и излезе на балконот за да позира пред фоторепортерите и ја извади маската.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 5, 2020
Трамп преку видео снимено во Белата куќа, ги пофали медицинските лица кои се грижеле за него во болница, но типично за некго им порача на американците да не се плашат и да не дозволат вирусот да завладее со нивните животи.
Повтори и дека америка има најдобри лекарства и медицинска опрема и дека се најдобрата земја на светот.
Во САД од коронавирусот се заразени повеќе од 7.4 милиони луѓе, а над 200.000 се починати.