Рафаел Надал не играше на ниту турнир на трева пред „Вимблдон“, но првиот рекет во светот ќе го започне самоуверен најпрестижниот тениски турнир. Двократниот шампион во Лондон неодамна го освои „Ролан Гарос“ за 11-ти пат и се надева дека ќе пренесе добрата форма на земја и на трева во Велика Британија.
Запрашан што се променило во последните 10 години, Надал одговори: „Постар сум и моите нозе натрупаа доста километри. Важните работи во мојот живот не се променија многу. Во однос на тенисот, требаше да ја менувам малку играта во овој период. Сега тоа финале ми изгледа одамна. Добро е што уште сум тука. Задоволен сум од тоа“.