Исчкртани и таблите на спомениците од „Хеленската историја“ во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/20 12:08 PM

Исчкртани и таблите на спомениците од „Хеленската историја“ во Скопје

По Алкенсандар и Филип, на седум споменици во Скопје вчера им беа поставени нови табли со кои се објаснува дека тие личности биле дел од хеленската историја, но веќе утринава таблите беа оштетени и исчкртани со црн спреј, со цел да не се гледа напишаното.

Образложението за новите табли е дека се резултат на обврската на Македонија која произлегува од Преспанскиот договор со Грција.

На твитер се појави и видео од самото оштетување на таблите, кои сега на нив го имаат симболот „МК“.