Исчкртана новата табла пред споменикот на Филип II во Битола – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/20 10:44 AM

Исчкртана новата табла пред споменикот на Филип II во Битола

Новата метална табла поставена на споменичниот комплекс пред споменикот на Филип II, на плоштадот „Манголија“ во Битола, не издржа ниту еден ден.

Иако беше поставена вчера согласно договорот од Преспа, веќе денеска е оштетена и исшкртана со црн спреј со цел да се прикрие текстот кој е напишан.

Како што пренесува порталот „bitolanews.mk“ на таблата пишувало „Во чест на Филип II Македон, историска фигура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како антички воин“.

Фото: bitolanews.mk