И портпаролката на Трамп позитивна на Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 10/5/20 7:17 PM

И портпаролката на Трамп позитивна на Ковид-19

Портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенени е позитивна на коронавирус, по неколку тестови кои биле негативни.

Таа веста ја пренесе преку својот профил на Твитер.

„Откако бев постојано негативна на тестовите, секој ден од четвртокот до неделата, во понеделникот наутро добив позитивен тест на Ковид 19. Немам никакви симптоми“, напиша портпаролката.