На седум споменици поставени на мостот Око во центарот на Скопје утринава се поставени табли на кои се објаснува дека тие личности се дел од хеленската античка историја, што предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.
По Алкесандар и Филип, уште седум споменици на мостот Око покрај досегашните натписи добија и нови метални табли со образложение дека личностите кои ги претставуваат се дел од античката хеленска историја. На самите споменици претходно беа наведени само имињата на личностите, а новите табли се поставени пред самите спомемници.
Додаденото образложение доаѓа како резултат на обврската на земјава од договорот за решавање на спорот со името со Грција.
„Согласно договорот од Преспа“, таква табла добил и споменикот на Филип Втори во Битола, јавува „Битола њуз“.