Премиерот Зоран Заев денеска ги прими членовите на македонскиот дел на Интердисциплинарниот комитет за историски, археолошки и образовни прашања формиран од нашата земја и од Република Грција согласно со Договорот од Преспа.
Каско што соопшти владината прес-служба, членовите на Интердисциплинарниот комитет, со кој претседава амбасадорот Виктор Габер, и во кој членуваат д-р Ана Чупеска, професор и политиколог, д-р Људмил Спасов, професор лингвист, проф. Фехари Рамадани, професор и историчар, д-р Далибор Јовановски, професор и историчар, и д-р Никос Чаусидис, професор и археолог, и во отсуство на д-р Кица Колбе, го информираа премиерот Заев за досегашниот напредок на работата на овој Комитет на експерти, а во пресрет на петтата средба со нивните грчки колеги.
-Во размената на мислења на средбата, констатирано е дека е постигнато ниво на конструктивна соработка во Комитетот во рамки на одредбите на Договорот од Преспа, и дека се утврдени заеднички правци за постигнување решенија за препораките кои овој Комитет треба да ги достави до владите на двете земји како добра основа за изнаоѓање конкретни решенија за историските наративи кои ќе ги едуцираат идните генерации во европскиот дух на разбирање и соработка, стои во соопштението.
МИА