Често кога ќе се спомне зборот убавина многумина помислуваат на Наоми Кемпбел. Почнала да се занимава со манекенство на 15 години, а статусот супермодел го стекна кога стана прв црн модел на насловна страница на францускиот „Вог“.
Манекенката неодамна наполни 50 години и со читателите на „Вог“ сподели неколку тајни за нејзиниот феноменален изглед.
https://www.instagram.com/p/CFhvTyGngrA/
Никогаш не легнувајте со шминка
– Секојдневно ја чистам кожата, а секоја вечер пред спиење ја бришам шминката. Кога имате ваква професија, лицето секогаш мора да ви биде нашминкано а целата таа шминка продира во порите. Кога не работам се трудам да не се шминкам. Ми се допаѓа кожата да ми биде чиста без шминка, вели манекенката.
Често се потпира на хидратантна крема
Хидратацијата според неа е најважна, а советот секогаш да се грижи за влажноста на кожата и на телото го добила од својата мајка. За кожата почнала да се грижи уште во детството пред да почне да се занимава со манекенство.
Преферира сјајна кожа
Наоми сака нејзината кожа да биде блескава и сјајна. Како што вели сувата и мат кожа допринесуваат дза постар изглед.
Користи подлога со цинк
Своето разубавување Наоми го започнува со прскање на лицето со спреј на база на цинк. Тој има антифламаторни својства и помага да се спречи настанувањето на акни.
Пред нанесување серум секогаш користи ролер за лице
По нанесувањето на спрејот со цинк таа го поминува лицето со дермаролер бидејќи на тој начин кожата подобро ги упива хидратантните серуми. Според зборовите на дерматолог, тоа е сосема оправдано бидејќи употребата на ролер ја зголемува апсорпцијата на хранливите материи од четири на 70 отсто.