Веќе втора недела по ред како „Jurassic World: Fallen Kingdom“ владее со светскиот боксофис. Овој викенд премиера имаа два филма кои се очекуваше да целат кон самиот врв на боксофисот, но и тие останаа немоќни да го турнат од врвот големиот блокбастер.
Со заработка од 60 милиони долари во вториот викенд од прикажувањето, „Fallen Kingdom“ го задржа врвот на боксофисот, пред анимираниот „Incredibles 2“ и „Sicario: Day of the Soldado“.
„Sicario: Day of the Soldado“ доби мешани критики и реакции од публиката, па веројатно е логично што не успеа да се пробие до врвот на светскиот боксофис. Иако немаше скромна заработка, сепак 19 милиони долари не се посакуваната сума како за викенд премиера.
По долги месеци прикажување, конечно од Топ 10 листата на филмови со најголема заработка беше симнат „Avengers: Infinity War“, но честа на филмовите со суперхерои остана да ја брани „Deadpool 2“ кој викендов заработи дополнителни 3,4 милиони.
Топ 10 листа на филмови со најголема заработка викендов:
- Jurassic World: Fallen Kingdom – 60 милиони долари
- Incredibles 2 – 45,5 милиони
- Sicario: Day of the Soldado – 19 милиони
- Uncle Drew – 15,5 милиони
- Ocean’s 8 – 8 милиони
- Tag – 5,6 милиони
- Deadpool 2 – 3,4 милиони
- Sanju – 2,5 милиони
- Solo: A Star Wars Story – 2,3 милиони
- Won’t You Be My Neighbor – 2,2 милиони
Превземено од: Кајгана