Аркан е жив и војува во Ерменија – лажна фотографија осамна на Твитер – ММС
ММС

Објавено на: 10/5/20 2:40 PM

Аркан е жив и војува во Ерменија – лажна фотографија осамна на Твитер

Твитер профил на турски јазик сподели лажна вест дека Жељко Ражнатовиќ – Аркан војува во конфликтот во Нагорно-Карабах, од страната на ерменците.

Веста објавена на твитер предизвика лавина коментари, меѓутоа за околу еден час беше избришана.

Имено слика од младоста на Аркан била преработена во познатиот „филтер на старост“, со цел да изгледа автентична.

Лажната вест ја споделил и турскиот портал „derindusunce.org“ пишувајќи дека Аркан дошол да ги земе сопругите и децата на тамошните војници.