Заев: Отварање на границите без ПЦР тест е регионална иницијатива – ММС
ММС

Објавено на: 10/5/20 11:34 AM

Заев: Отварање на границите без ПЦР тест е регионална иницијатива

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека Владата утре ќе го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести за отварање на границите со Србија, Косово, Црна Гора и Албанија без ПЦР тест, но само доколку се работи за неопходно патување.

Како што информираше премиерот станува збор за регионална иницијатива бидејќи регионот има речиси иста епидемиолошка состојба.

– На една ваква иницијатива каде Косово, Албанија, Црна Гора се отворени, чекаме одговор од Србија и Бугарија а утре ќе одлучуваме на редовната седница на Влада. Ние не сакаме да бидеме изолирани од регионот, мала земја сме, така да поприлично сме позитивни кога самите стручни луѓе од Комисијата даваат сугестии. Секако мора да напоменам без ПЦР ќе се патува само кога е најнеопходно, дури викаме дека само од дома се излегува само кога е неопходно, рече премиерот Зааев.

Комисијата за заразни болести сабајлево предложи отварање на границите без ПЦР тест, бидејќи како што наведуваат, според анализите нема индикација за висок број на импортирани случаи од овие земји а согласно тоа нема ризик и безбедно е отварањето на границите.