Урсула фон дер Лајен во самоизолација – ММС
ММС

Објавено на: 10/5/20 11:15 AM

Урсула фон дер Лајен во самоизолација

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека  ќе се самоизолира до втроник поради контакт со лице позитивно на коронавирус.

– Бев известена дека сум учествувала на состанок со некој за кој вчера се утврдило дека е позитивен на коронавурс, напиша таа на својот твитер профил.

Како што додаде,  се тестирала во четврток и била негативна, а денеска ќе се тестира повторно.