Крај на неизвесноста околу достапноста на нашиот најдобар фудбалер за бараж мечот против Косово, создадена поради пандемијата на коронавирусот и протоколите за патување кои ги имаат донесено италијанските власти.
Горан Пандев синоќа допатува во Македонија и ќе биде дел од репрезентативниот список на селекторот Игор Ангеловски. Репрезентативците попладнево ќе го имаат и првиот заеднички тренинг во пресрет на полуфиналето од бараж дуелот за Европското првенство во 2021 година, а селекторот Ангеловски претходно ќе се обрати на јавноста и новинарите.
Македонската фудбалска репрезентација против Косово ќе истрча без фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас, откако поранешниот играч на скопски Работнички беше позитивен на Ковид-19 по тестирањата во матичниот клуб.