Дедото на Том Хенкс бил убиен пред неговиот татко кога тој бил дете, а холивудскиот актер сега за прв пат ја објави приказната во јавноста.
Гостувајќи во шоуто со Греам Бесинџер, по многу години, Том се отвори целосно и рече дека неговиот татко бил сведок на убиството на неговиот дедо.
– Татко ми имал девет или десет години кога изнајмен работник го убил татко му во штала на неговата фарма во калифорнискиот град Виловс – рече актерот и објасни што точно се случило и што требало да помине неговиот татко за време на судењето.
Тој беше едно од четирите деца и единственото што се најде таму. Тој беше скршен од тоа искуство. Требаше да сведочи трипати како дете. Со адвокати, судии … Тоа беше спорна тепачка, човекот бил ослободен затоа што било тепачка. Но, таткото на татко ми бил убиен и тој сведочел за тоа – објасни Хенкс.
Актерот призна и дека сето тоа го уништило неговиот татко и му го прекинал безгрижниот живот, како и дека потоа го изгубил чувството дека во светот има правда.
Не беше во ред што го видел тоа. Тоа беше неправда што седеше на неговите млади плеќи – истакна актерот.
Том Хенкс го спомна и фактот дека, на крајот на краиштата, неговиот татко станал црна овца во семејството само затоа што бил сведок на тој ужасен настан.