Газдата на кафе барот „Мош“, Методија Динев (41) ноќеска половина час после полноќ бил приведен и задржан во ПС „Центар“. Во полицискиот извештај се вели дека е поради постоење основано сомнение дека, како одговорно лице, управител на ланч барот сторил кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
По двата бурни викенди денес, пак, Динев се сврши за неговата девојка Стефанија (28) докторка од Штип. Убавите вести за свршувачката беа споделени на стори на Инстаграм од сестрата на Стефанија, манекенката Марија.
Во петок настап на Владо Георгиев и инспекции, во саботата повторно Владо, повторно инспекции и полиција, казни, денес, пак, свршувачка. Викенд за паметење.