Легендарните Жељко Самарџиќ и „Црвена Јабука“ со песна ја споија бивша Југославија. Тие ја снимија дуетската песна “Алеје љубави”, а спотот го правеа на неколку локации во градови од поранешна Ју. Музиката и текстот на песната ги напиша Мирко Шенковски-Геронимо, а аранжманот го направи Мирослав Столица.
Снимањето на спотот почна од Скопје, па преку Белград, Сараево, Загреб, Љубљана, Подгорица до Скадарско езеро и Јадранско море и секако неизбежниот Мостар, кој е роден град на Жера и Жељко.
Во созавањето на спотот учествуваа двајца Македонци, дел од режисерската палка ја имаше Даниел Јовески, додека една од главните улоги ја имаубавата, Иларија Кирилов.