Од Ковид-19 почина светскиот дизајнер Кензо Такада – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/20 5:42 PM

Од Ковид-19 почина светскиот дизајнер Кензо Такада

Најпознатиот јапонски моден дизајнер Кензо почина  денес на 81-годишна возраст од последиците на Ковид-19, објави неговиот портпарол.

Кензо Такада беше првиот јапонски творец кој се наметна во Париз каде што изгради кариера и се прослави.  Во 1993 година, тој го продаде својот бренд за облека на групата ЛВМХ (Луј Витон Моет Хенеси) и се повлече од модниот свет шест години подоцна. Во своите креации тој поврзал цветни и графички мотиви, а инспирацијата за текстилни мотиви ја наоѓа во фолклорот, калиграфијата и современото сликарство. Инспирацијата за последната коллекција,  сезоната пролет-лето 20/21 беше толкму нашата Атиџе.

„Кензо Такада почина како резултат на Ковида-19 на 4 октомври 2020 година во болница во Нојли-сур-Сена“, рече неговиот портпарол во изјавата денес, додека трае Париската модна недела.

Кензо е роден на 27 февруари 1939 година во Химеја во близина на Осака. Тој пристигна во Франција во 1965 година со брод во Марсеј, од каде замина во Париз, што го фасцинираше и каде остана да живее. Својата прва колекција ја претстави во 1970 година.

Тој ја воведе првата линија за мажи во 1983 година, а неговиот прв парфем Кензо Кензо  во 1988 година.

„Јапонскиот дизајнер никогаш не престана да ја слави модата и уметноста на живеење“, рече неговиот портпарол.

Извор: n1info.com

Фото: dailymail.co.uk