Надвор врне дожд а вас ви се спие и сте нервозни: Постои научно објаснување зошто – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/20 12:47 PM

Надвор врне дожд а вас ви се спие и сте нервозни: Постои научно објаснување зошто

Ви се случува ли понекогаш да ви се спие и да ве „мрзи“ да станете од креветот? Главната причина зошто будењето во врнежлив ден е потешко од вообичаеното е поради хормонската промена во телото.

Научниците од Универзитетот во Пенсилванија откриле дека на дождлив ден има помалку светло, телото лачи помалку серотонин а повеќе мелатонин – хормон кој е директно одговорен за расположението и за будноста.

Серотонинот е хормон кој ни дава чувство на благосостојба, енергија и добро расположение. Кога неговото ниво е намалено тогаш имаме повеќе шанса да се чувствуваме поспано, уморно и да бидеме мелчанхолични.

Мелатонинот од друга страна пак, е хормон кој ни дава чувство на поспаност. Кога очите детектираат темнина испраќаат сигнал до мозокот кој потоа испушта мелатонин кој му служи во телото и за воспоставување на циклус за спиење.

Сепак освен хормонската промена, научниците како важен детал го спомнуваат и звукот на дожд – кој нашиот мозок го восприема како смирувачки сигнал.

Освен ова ваквиот „смирувачки сигнал“ ги покрива другите звуци кои инаку би можеле да не расонат како бучава од автомобили, луѓе на улица и сл.