Кривичната од саботата не спречи втор настап на Георгиев во „Мош“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/20 11:02 AM

Кривичната од саботата не спречи втор настап на Георгиев во „Мош“

Иако во саботата вечерта додека во „Мош“ гостуваше српскиот пејач Владо Георгиев полицијата поднесе кривична пријава за пречекорување на работното време, локалот вчера вечер продолжи да работи со исто темпо.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат за „360 степени“ изјави дека следната недела кафе-барот ќе биде затворен на 10 дена.

Синоќа пред „Мош“ биле присутни повеќе полицајци а инспекторите им посочувале на вработените да ги оддалечат масите и да отстранат дел од инвентарот.

Сепак како што посочува Пауновски, откако инспекторите си отишле сопствениците повторно ги вратиле масите, поради што сега е поднесена уште една кривична за загрозување на јавното здравје.