Деми Мур во долна облека засени двојно помлади убавици на провокативна виртуелна модна ревија – ММС
ММС

Објавено на: 10/3/20 9:44 PM

Деми Мур во долна облека засени двојно помлади убавици на провокативна виртуелна модна ревија

Музичката ѕвезда Ријана ја претстави својата нова колекција на долна облека Savage X Fenty во формат кој беше во согласност со новото „нормално“. Убавицата од Барбадос која го покори светот со своите хитови одлично се снаоѓа во модниот свет, па ја претстави својата нова есенска колекција по пат на виртуелна модна ревија.

Рири која многу добро знае да ја заинтригира јавноста се одлучи за провокативно модно шоу, во кое се појавуват бројни познати убавици во предизвикувачка долна облека со нејзиниот потпис. На повикот на Ријана одговорија бројни познати убавици како Ирина Шаек, Бела Хадид, Деми Мур, Кара Делевињ, Парис Хилтон и други.

Спектакуларната ревија која може да се погледне по пат на стриминг на сервисот Amazon Prime изобилува со врели сцени, а меѓу познатите дами најголемо внимание предизвика педесет и седумгодишната, Деми Мур која покажа дека и денес е во топ форма.

Актерката која во оваа провокативна видео модна ревија промовира позитивен став кон женското тело и различните типови убавина, доби само комплименти.

 

 

Фото:   Backgrid UK

Извор:   tportal.hr

 

Извор:  tportal.hr