Битиќи: Ќе има и петти пакет антикризни мерки(видео) – ММС
ММС

Објавено на: 10/3/20 2:19 PM

Битиќи: Ќе има и петти пакет антикризни мерки(видео)

Вицепремиерот за економија Fатмир Битиќи во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 зборуваше за четвртиот пакет економски мерки за подршка на стопанството и на граѓаните погодени од корона пандемијата.

– Досега се потрошени 243 милиони евра, околу 2, 5 посто од БДП, но мерките од првите пакети траат, си течат и еве сега четвриот пакет го активиравме. Споредбите со Србија и Германија не е соодветна, затоа што ако не друго таму барем опозицијата работи во интерес на пребродување на кризата, Кај нас ниту еднаш заедно не застана да работиме на проблемите, туку напротив критикува, бара мерки за да после го нарекува тоа предизборен поткуп. Исто и со вонредната сосотјба која прво опозицијата ја бараше за да сега не ја гласа во парламентот – вели Битиќи.

Вицепремиерот зборуваше и за средбата со американскиот државен секретар Помпео во Атина, шансите Македонија да стане енергетски центар и јазол во регионот, за субвенционирањето на етнички вработувања во приватниот сектор, за драстичниот пад на индустриското производство, за економските проекции за оваа и наредната година, за тоа зошто го избрал СДСМ а не ДУИ…