Откако коронавирусот го парализираше светот, дезинфекцијата на просториите стана неопходна, па од сите страни почнаа да „никнуваат“ совети на оваа тема. Сепак, не треба да верувате во се’ што ќе прочитате. Средствата за дезинфекција што сте ги одбрале треба добро да ги проучите, од аспект на тоа како правилно се користат.
Не е вистина дека сите производи за чистење истовремено и дезинфицираат. Прочитајте што пишува на производот, можеби дејствува така што ги отстранува дамките и нечистотиите, но тоа не значи дека може да ги убие бактериите и вирусите.
Треба да знаете дека не се точни информациите според кои, средствата на билна основа не се делотворни како хемиските. Можеби ќе биде потребно да нанесете од нив повеќе пати и ќе ви треба подолго време за да исчистите бидејќи не се толку агресивни, но сепак го имаат истото дејство.
Луѓето мислат дека средствата за дезинфекција делуваат во првите неколку секунди, но тоа не е вистина. За да можете совршено да го дезинфицирате просторот и да се ослободите од бактериите ќе ви биде потребно извесно време. Не е важно колку се добри или лоши производите што ги користите, генерално на упатствата пишува да ги нанесете и да оставите малку да отстојат, а дури потоа пребришете со крпа.
Извор: stil.kurir.rs