Воз што сообраќал на релација Скопје-Битола утрово удрил во автомобил кај Велес. Повредени нема, железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола е во прекин.
Несреќата се случила утрово во 7 часот и 50 минути. Возот кој сообраќал на релација Скопје – Битола на необезбедениот премин кај велешка „Порцеланка“ удрил во задниот дел од автомобил. Во несреќата повредени нема.
Како што информираат од Железничката станица во Велес, Комисија на ЈП „Македонски железници“ е на терен и прави увид на несреќата и состојбата со возот се очекува наскоро железничкиот сообраќај повторно пуштен.
Извор: МИА