При крајот на летниот трансфер период, шпекулациите за тоа кој ќе остане да биде бек-ап на Карим Бензема во шпицот на нападот во Реал Мадрид, секојдневно се менуваа.
Сепак, тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, одлучи да му даде шанса на српскиот репрезентативец Лука Јовиќ, а да се ослободи од Шпанецот, Борха Мајорал. Мајорал во следните две сезони ќе го носи дресот на Рома како позајмен играч до 30 јуни 2020 година.
Поранешниот играч на Леванте ќе ја засили „волчицата“ и ќе му понуди опција плус во нападот на поругалскиот стратег Фонсека во продолжението на сезоната.
За позајмицата Рома ќе мора да му исплати два милиони евра на Реал Мадрид, а доколку сака да го откупи играчот по нејзиниот истек, ќе треба да одвои помеѓу пет и десети милиони евра.