Кошаркаркот на Турк Телеком, Кифер Сајкс, според грчките медиуми е на чекор до Панатинаикос. Сајкс патуваше во Атина за „фајнал ејт“ турнирот во Лигата на Шампионите со неговиот тим, но откако Турк Телеком беше елиминиран во четвртфиналето, Американецот можеби ќе го продолжи престојот во главниот град на Грција.
Проблемите со повреди на бековските позиции на ПАО, ги натераа челниците да пронајдат адекватно решение за пополнување на тие места во пресрет на новата кошаркарска сезона. Дваесет и шестгодишниот Американец кариерата ја започнува во Остин Спар, пред да отиде на „печалба“ во Кореја, за да по епизодата во Азија се пресели во Европа.
Минатата сезона дебитираше во ЕвроЛигата за екипата на Олимпија Милано, а токму еден од неговите најдобри натпревари беше против идниот тим, Панатинаикос.