Сосема е нормално да имаме бран на нервоза или трема, кога треба да направиме нешто важно или да донесеме клучна одлука. Сите понекогаш сме анксиозни и тоа е во нашата човечка природа, но сепак знаеме и умееме како да го контролираме. Сепак, луѓето кои се соочуваат со вистински облик на анксиознст, однсн со стравови што се проследени и со панични напади, потребно е да разговараат со психолог или психотерапевт кој ќе ги насочи кон надминување на анксиозноста. Постојат и одредени совети или таканаречени трикови за опуштање кои луѓето меѓусебно ги споделуваат на социјалните мрежи. Се работи за едноставни начини кои опуштаат и помагаат да се ослободите од негативните мисли.
Кои осум работи треба да ги пробате кога сте анксиозни?
Дишете полека од стомак
Со овој начин на дишење (длабоко вдиување и издишување) се притиска нервот вагус, кој всушност на вашиот мозок му праќа порака дека сте безбедни.
Запишете како се чувствувате
На овој начин полека ќе ги елиминирате од себе негативните мисли, пренесувајќи ги на хартија. Сосредоточени сте на пишувањето и тоа ви помага да се смирите. Кога ќе ги запишете своите стравови, а потоа и ќе ги прочитате, полесно ќе може да се освестите за тоа дека многу од нив се всушност нерасионални.
Коцка мраз
Земете во дланката една коцка мраз и со неа полека масирајте ги рацете.Промената во температурата ќе ви помогне да ги пренасочите мислите и да се вратите на сегашниот момент.
Изговарајте афирмации
Оваа ситуација е минлива.
Ги отпуштам своите стравови и знам дека секогаш сум сигурен/а.
Ја отпуштам анксиозноста.
Извор: lovesensa.rs