Наполи, Сосиедад, Алкмар и Ријека во групата Ф, извлечени групите за Европа Лига – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/20 4:10 PM

Наполи, Сосиедад, Алкмар и Ријека во групата Ф, извлечени групите за Европа Лига

Попладнево во Женева беа извлечени групите за новата 2020/2021 сезона во второто по квалитет европско клупско натпреварување. Во оваа фаза ќе партиципираат 48 тимови поделени во 12 групи.

Денешниот ждреб ни донесе неколку интересни и неизвесни групи, неколку групи во кои се очекува фаворитите рутинирано и без потешкотии да ги поминат и неколку навистина силни групи, налик на оние од Лигата на Шампионите.

Во групата А, тимот од италијанската престолнина, Рома, е фаворит покрај Јанг Бојс, романски Клуж и ЦСКА од Софија. Групата Б за Арсенал, без потценување на противниците, ќе претставува според очекувањата еден полесен тренинг и шанса да се интегрираат и промовираат млади фудбалери. Заедно со „топџиите“, во конкуренција ќе бидат и Рапид Виена, Молде и ирски Дандалк,

Групата Ц е резервирана за Баер Леверкузен, Славија Прага, Хапоел Беер-Шева и француска Ница, додека пак во групата Д, која е поприлично изедначена по квалитет, Бенфика, Стандард Лиеж, вице-шампионот на Шкотска, Глазгов Ренџерс и Лех Познањ ќе ги вкрстат копјата.

ПСВ Ајндховен, грчки Паок, Омонија и Гранада ќе се судрат во Групата Е, а во групата Ф, за многумина и група посилна од некои групи во Лигата на Шампионите од вчерашниот ждреб, се сретнуваат Наполи, Реал Сосиедад, АЗ Алкмар и хрватска Ријека. Убавиот напаѓачки фудбал со сигурност нема да изостане во оваа група, со оглед на тоа дека сите четири екипи негуваат таква филозофија.

Групата Г ќе ни донесе преметки помеѓу португалска Брага, англискиот првак од 2016 година Лестер, АЕК и украинска Зорја. Друштвото помеѓу кое се најде италијански Милан, откако вчера по исцрпувачката пенал серија со Рио Аве успеа некако да се „протне“ до групната фаза, го сочинуваат шампионот на Шкотска, Селтик, Спарта Прага и Лил.

Во групата И, Виљареал со новиот тренер Унаи Емери и маестралниот летен трансфер период, игра со Карабаг, Макаби Тел Авив и турскиот претставник Сиваспор.

Тотенхем на Жозе Мурињо исто така доби релативно полесни опоненти. Лудогорец, ЛАСК и белгиски Антверп ќе му застанат на „линија“ на далеку поскапиот и поквалитетен противник од Премиер Лига.

За да прогресира во 1/16 финалето од ова натпреварување, хрватки Динамо ќе треба да ги победи ЦСКА Москва, холандски Феенорд и Волфсбергер.

Во последната група, уште еден претставник од регионот. Откако Црвена Ѕвезда не успеа да се пласира по третпат во групите во ЛШ, се најде во групата на Европа Лига покрај Гент, Хофенхајм и Слован Либерец.

Во продолжение во целост погледнете ги 12-те групи во Европа Лига:

 

Првото коло во Европа Лига ќе се одигра на 22.10.2020 година.