Не му требаше долго, Док Риверс е нов тренер на Филаделфија – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/20 2:16 PM

Не му требаше долго, Док Риверс е нов тренер на Филаделфија

Разочарувачката сезона на Филаделфија во сезоната 2019/20 во НБА и разочарувачката сезона на Док Риверс со еден од главните фаворити за освојување на прстен, ги спои Сиксерси и поранешниот шампион со екипата на Бостон, Док Риверс.

Преговорите за преземање на функцијата тренер на една од понадежните франшизи пред неколку години предводена од Џоел Ембид, течеле лесно и брзо и договорот паднал практички после неколку часа разговори, пренесува новинарот на „ESPN“, Адриан Воџнаровски.

Риверс на кормилото на Сиксерси ќе биде во следните пет години. По дебаклот против Бостон во првата рунда на плејофот во „баблот“ на Флорида, од екипата на Бостон Селтикс, Филаделфија инстантно го отпушти Брет Браун. Неговата замисла за остварување резултат со релативно висока петорка и константна борба под обрачите, се покажа како неуспешна.

Пред назначувањето на Риверс, како прв кандидат за наследник на Браун се споменуваше доскорашниот тренер на Хјустон Рокетс, Мајк Дантони.