Активистот Филип Достовски денеска пред Кривичниот суд пред почетокот рочиштето рече дека не очекува фер судење затоа што, додаде, ни досегашната постапка не била фер.
-Не уапсија двајца, кај мене најдоа див коноп кој расте во Кочани. Анализите во Израел на оваа тревка покажаа дека е добра за епилепсија. Кај мојот другар најдоа THC канабис. И двата канабиси беа дадени од пациенти да им изработиме масло. Еден од пациенти е припадник на МВР. Мојот другар се сложи на условна казна, јас не сакам да се сложам, не сакама да бидам осуден за криминал затоа што ништо немам направено. Он изгледа попушти под притисок – изјави Достовски.
Освен припадници на полицијата, Достовски лекувал и пациенти блиски на обвинителката која поднесе обвинение против него.
-Обвинителката ми кажа на едно рочиште „не се секирај, знам се што си правел, си правел и за мои блиски луѓе“. Сакам да прашам дали тие луѓе ќе се сложат со обвинението што е покренато против мене, обвинението е смешно. Позади мене немам никој, ко што ме обвинуваат дека стојат бизнис структури. Најверојатно ќе ме судат на база на мислење не на знаење. Треба да ме судат на база на научни податоци, а не на суеверие – посочи тој.
Според активистот Македонија стои во место кога се работи за законот за легализација на канабисто. Оваа тревка, рече тој, не е само лек, туку се користи и во индустријата.
-Треба да се отворат очите. Канабисот никому не му штети, само им помага на пациентите. Сите бараат канабис како лек, а 90 отсто го користат превентивно – рече тој.
Извор: Фокус