Нашата Атиџе главна на светските модни писти. Познатиот дизајнер Кензо за својата нова колекција за сезоната пролет-лето 2021 година, која беше презентирана во рамките на модната недела во Париз, е инспирирана од македонскиот документарец „Медена земја” , поточно охероината Атиџе.
Инспирацијата на дизајните се оделата на пчеларите, а ова го потврди и креативниот директор, португалскиот дизајнер Оливеира Баптиста. Тој рече дека директна инспирација пронашле во македонскиот документарен филм „Медена земја” и неговата главна протагонистка Атиџе, пишува Вог. Главната мотивација е пораката на атиџе, која го воодушеви светот, а тоа е „половина за мене, половина за пчелите”.
„Тоа е една од најстарите форми на комуникација меѓу човекот и природата. Сакав да искажам нешто и да дадам акцент на кревкоста на ситуацијата во која се наоѓаме. Секој во оваа ситуација се осврнува на ниво на вознемиреност и страв, наместо да гледа повисоко, да сонуваме за оптимизам и за иднина и да се вратиме на нештата што ни недостасуваа”, изјавил дизајнерот.
Фото: vogue.com