Доналд и Меланија Трамп позитивни на Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/20 7:20 AM

Доналд и Меланија Трамп позитивни на Ковид-19

Американскиот претседател Доналд Трамп (74) соопшти на Твитер дека тој и првата дама Меланија Трамп (50) се позитивни на коронавирусот и сега се во карантин, пренесуваат агенциите.

Ова доаѓа откако едen од неговите најблиски соработници беше позитивен на коронавирусот. Хоуп Хикс, 31-годишна советничка на претседателот, е најблискиот соработник на Трамп со позитивен тест досега. Таа патуваше со него во pретседателскиот авион на ТВ-дебата во Охајо во вторникот.

Лекарот на Трамп, Шон Конли, објави соопштение во кое рече дека претседателот и првата дама „во овој момент се добро, и планирале да останат дома во Белата куќа“.

„Бидете сигурни дека очекувам претседателот да продолжи да ги извршува своите должности без нарушувања додека се опоравува и ќе ве информирам за сите идни случувања“, се вели во соопштението.

Во четвртокот Трамп рече дека тој и неговата сопруга одат во карантин по позитивниот тест на г-ѓа Хикс.

Не се знае како позитивниот тест на Трамп ќе влијае на договорената втора претседателска дебата, која е закажана за 15 октомври во Мајами.