Никогаш ваков чипс не сте јаделе, готов за три минути – ММС
ММС

Објавено на: 10/1/20 10:21 PM

Никогаш ваков чипс не сте јаделе, готов за три минути

Вкусен чипс што не се пржи, не е мрсен со сол и штетни засладувачи. Покрај тоа, не дебелее. Звучи многу вкусно и нереално, нели? Па, тоа не е толку невозможно. И не само тоа – нема да го пржете, а потоа да капе маслото од него. Затоа што ќе го направите во микробранова печка.

Потребни производи:

Компири (средни до големи) – 2-3 парчиња

Зачини – по ваш вкус

Сол – колку што сакате

Време за готвење: 10 минути!

Подготовка:

Измијте ги компирите и излупете ги (може и да не ги лупите ако се тенки или свежи). Исечете ги на кругови или парчиња што се потенки – најдобар начин да го направите ова е со посебно ренде. Наредете ги на хартија за печење. Ако сакате, можете да додадете сол и зачини.

Вклучете ја микробрановата печка на 700 W и ставете ја хартијата со компири 3-5 минути. Времетраењето зависи од моќноста на вашата микробранова печка.  Веднаш штом ќе видите дека површината на компирот станува малку златна,исклучете ја микробрановата печка, извадете ги и ставете ги на салфетка или крпа. Ова ќе го направи чипсот крцкав. Повторете ја оваа постапка сè додека компирот не заврши.

Добар апетит!

блитз.бг