ФОТО: „Рафаел Надал, ти веројатно сè уште си гладен“, познатиот бренд за брза храна се пошегува со Шпанецот на Твитер – ММС
ММС

Објавено на: 10/1/20 7:04 PM

ФОТО: „Рафаел Надал, ти веројатно сè уште си гладен“, познатиот бренд за брза храна се пошегува со Шпанецот на Твитер

Во рамките на еден од четирите „Гренд Слемови“ кои традиционално се игра на лето, но поради пандемијата на коронавирусот се помести неколку месеци нанапред, ултимативниот шампион и освојувач на „Ролан Гарос“, ја започна својата потрага по уште еден трофеј на популарната „шљака“.

Во таа потрага Рафаел Надал во 1/32 финалето се соочи со американскиот тенисер Meкензи МекДоналд кој на АТП листата се наоѓа 234 места позади Шпанецот и го совлада со 3:0 во сетови (6:1, 6:0, 6:3).

Познатиот бренд за брза храна ,,Бургер Кинг“, ја искористи оваа прилика на социјалната мрежа „Твитер“ да се пошегува малку со „кралот“, но и да го „пецне“ конкурентот во оваа индустрија.

На фотографијата со официјалниот резултат од мечот, „Бургер Кинг“ коментираше: „Рафаел Надал, ти веројатно сè уште си гладен“, aлудирајќи на големината и квалитетот на бургерите и производите кои нивната конкурентска компанија ги нуди на своите купувачи.