Вчера во 11.10 часот во Полициската станица Штип, Д.А.(69) од Штип пријавил дека на 29.09.2020 околу 17.00 часот во спортска обложувалница во Штип бил физички нападнат од две лица.
Подоцна истиот ден, во 16.45 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип, лишени се од слобода Ф.И.(31) и Ј.М.(17) двајцата од Штип поради постоење основи на сомнение дека се извршители на кривични дела „кражба“ на подрачјето на Штип.
Вчера исто така од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип биле забележани и запрени четири лица мигранти од Либија и Палестина, кои се движеле пеш во Штип. По преземаните мерки и активности лицата биле предадени на полициски службеници од Гранична полиција за понатамошна постапка.
Во Полициската станица Штип, било пријавено и дека на ул.„Борис Кидрич“ во Штип околу 21.30. часот дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на Б.С.(38) над малолетната ќерка на В.С.(48) од Штип. Се работи на комплетирање на случајот по што ќе следи соодветен поднесок.