Вухан, градот во кој почна се’, денес живее нормално, од мај нема новозаразени – ММС
ММС

Објавено на: 10/1/20 12:09 PM

Вухан, градот во кој почна се’, денес живее нормално, од мај нема новозаразени

Вухан, градот кој се смета за извор на коронавирусот и место од кое пред девет месеци почна се’, сега може да се пофали со одлична состојба во која, практично, единаесетте милиони жители на градот живеат нормален живот. Граѓаните на Вухан во понеделникот се собраа да изразат тага што пандемијата во светот не се смирува, пишува „Бангкок пост“, а пренесува „Блиц“.

Стопанството и економијата во Вухан веќе живнаа, купувачите се вратија во продавниците, полни се рестораnите, базаните, забавните паркови… Нема новозаразани од мај.

„Вухан повторно живее нормално, со истото темпо како пред пандемијата. Сите шtо живееме во Вухан се чувствуваме пријатно“, изјави за АФП Ан Ан, медиумски рабоник во тој кинески град.

Во текот на пандемијата, во Вухан беа регистрирани 50.340 заразени, од кои 3.869 починаа.