Во пресрет на првиот училишен ден кај нас и „новата реалност“ со онлајн часовите, со вас споделуваме видео кое стана вирално поради досетката на ученик.
Всушност ученикот изведе лажно киднапирање и тоа на сред онлајн час.
На видеото може да се види како двајца маскирани лица влегуваат во собата и го грабнуваат, додека професорот си ја предава лекцијата и зборува за преместување на параграфи. Тој накратко прекинува да зборува и ги прашува останатите: Дали видовте дека Тајлер штотуку го киднапираа?
Тогаш никој повеќе не може да се воздржи и сите почнуваат да се смеат.
Иако е речиси видливо дека се работи за шега, професорот сепак прашува дали можеби треба да викнат полиција, но за жал тоа е моментот кога видеото завршува.
Staged Kidnapping to Get Out of Class from youseeingthisshit