Политиката што ја води Турција во последните месеци на Балкнот и на Блискиот исток ќе ги примора САД да ги повлечат нулеатните бомби Б-61 од базата во Турција, Инџирлик, се наведува во извештајот на Израелскиот институт за стратегија и безбедност.
Во изветајот се нагласува дека Турција во последните месеци се обидува да интервенира како надворешна сила во различни региони, вклучувајќи ги Сирија, Азербејџан, Ерменија, Либија, како и во територијалниот спор во врска со гасот со Грција.
Аналитичари сметаат дека Турција води паралено неколку војни истовремено, а такво нешто не издржале ни посилни држави, па предвидуваат дека ова можеби ќе биде последната игра на Ердоган, покрај другото и поради тоа што многу негови потези не и им се допаѓаат на САД и на Русија.