Сосема малку е доволно за да ви стане сексуалниот живот позабавен од кога било. Постојат неколку едноставни начини за тоа.
Задевајте го партнерот
Визуелно, со пораки, со погледи…Додека се подготвувате за работа рано наутро, посегнете по некое предизвикувачко парче облека и полека „шетајте“ низ дома со него додека си правите кафе, се шминкате или слично. Дури потоа облечете се. На овој едноставен начин ќе му приредите шоу на својот партнер, а тој ќе биде со вас во мислите во текот на целиот ден и едвај ќе чека да си дојде дома.
Останете во високи потпетици
Облечете ги најдрагите чевли со високи потпетици за кои сметате дека се секси и кога ќе почне играта, останете само со нив. На овој начин во очите на партнерот ќе изгледате уште посекси, а со тоа ќе ви се зголеми и самодовербата во тој момент.
Праќајте си еден на друг „валкани“ пораки
Таканареченото секстање е многу потценети. Напишете му порака во која ќе му кажете дека не можете да престанете да мислите на се она што ќе му го правите кога ќе си дојде дома. Не е задолжително да му праќате провокативни фотографии бидејќи ризикот е преголем доколку завршат во погрешни раце, но зборовите ќе бидат доволни. Само напишете го она за кое фантазирате!
Играјте „непослушни“ игри
Играјте покер, шах, монопол или „не лути се човече“. Влоговите нека бидат секси. Смислете врели задачи за губитнико, но и казна ако тој не се согласи да направи одредена задача. Доколку ова го практикувате повеќе пати, вечерите ќе ви станат позабавни.
Извор: cosmopolitan.hr